Почитувани,
Денеска по повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Прилеп, под мотото „Подари книга-подари образование“ донираше 80 книги во ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп.
Трансформацијата на образованието, годинава е високо поставена тема на агендата на Обединетите нации, па во тој правец младите социјалдемократи од Прилеп беа дел од централната активност на СДММ за собирање и донирање книги , сликовници и различна литература којашто денеска се донираше во социјалните центри, детските одделенија, библиотеките и секаде онаму кадешто на младите и децата им се најпотребни.
Социјалдемократската младина, продолжува да биде активен чинител во градењето на европски вредности во државата, преку развивање на перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард за младите во Македонија.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп