Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ-Прилеп
Почитувани,
Пандемијата на коронавирусот не ги запре инфраструктурните градежни активности во општина Прилеп. Напротив, тие продолжуваат со забрзано темпо.
Капиталните инвестиции во делот на изградба и реконструкција на патишта преку Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Општината, се на највисоко можно ниво и видливи на секој чекор во Прилеп.
За прв пат откако е изграден, после цели 55 години се реконструира регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Асфалтирани се 15,5 километри од овој патен правец, поставена е банкина, целосно е завршена сигнализацијата, а во завршна фаза е поставувањето на 600 метра еластична ограда.
Паралелно со реконструкцијата на стариот пат за Битола, граѓаните се сведоци на изградбата на клучката кај ТИРЗ – Прилеп. Покрај создавањето услови за отворање нови работни места во развојната зона, капиталната инвестиција вредна 6 милиони евра, придонесе за значително подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Истовремено, на барање на жителите од мариовскиот крај, се врши реконструкција и рехабилитација на патниот правец Лагово-Витолиште, пат кој претходната власт на ДПМНЕ целосно го заборави.
Во близина на прилепската касарна го изградивме ИКТ центарот, објект од стратешко значење за Прилеп и државата, во вредност од 11 милиони евра, а го реконструиравме и патот до прилепското езеро.
Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Јованоски, е во силна градежна офанзива и буквално во секој дел од градот и населените места, се асфалтираат и реконструираат улици.
Нов асфалт е поставен на улиците во населените места Кадино село, Галичани, Ново Лагово, Алинци, а во тек се подготовките за подобрување на патната инфраструктура и во другите населени места.
Реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ се одвива со одличен интензитет. Паралелно, со засилено темпо и во рекордни рокови, во секоја населба од Прилеп се асфалтираат нови улици и се рехабилитираат постојните.
Граѓаните го препознааваат и поздравуваат нашиот сериозен, одговорен и ефикасен пристап во реализирањето на капиталните инвестиции, идентично како и во справувањето со пандемијата на коронавирусот.
Затоа, Мицкоски и криминалната ДПМНЕ, бегаат од избори и од соочување со граѓаните.