Нудиме концепт за еден од најгорливите проблеми на Прилеп, а тоа е недостигот од доволен број на паркинг места за возилата во централното градско подрачје.
Нашата зацртана цел, е преку изградба на современи булевари да ги ослободиме тротоарите и улиците од непрописно паркираните возила, да обезбедиме непречено и безбедно движење на пешаците, но и доволно паркинг места за автомобилите.
Имаме решенија за проблемот со паркирањето на најфреквентните и критични точки во централното градско подрачје.
Во правец на тоа, најавувам изградба на три нови монтажни гаражи во централното подрачје на Прилеп.
На паркингот помеѓу новата зграда на Општина Прилеп и Поштата, ќе никне првата монтажна гаража на две нивоа.
Втората монтажна гаража во центарот на Прилеп, ќе ја изградиме на паркинг просторот позади просториите на Управата за јавни приходи и поранешната градска Кафеана.
Третата гаража од монтажен тип, ќе биде изградена на просторот кај пазарот за пластика до Градската река.
Со овие монтажни гаражи ќе стопанисува ЈП за ПУП.
Со новиот паркинг простор обезбедуваме поефикасен и побезбеден сообраќај, излегуваме во пресрет на сопствениците на дуќани во Старата чаршија и сопствениците на станови во зградите од централното градско подрачје, вработените во институциите, сопствениците на деловните објекти и граѓаните корисници на автомобили.
Она што дополонително сакам да го истакнам е дека обезбедуваме посебни паркинзи за сопствениците на коли за сечење на дрва и за сопствениците на автобуси и товарни возила. Овие два соодветно обележани паркизни ги градиме до железничкиот премин на улицата Леце Котески, паралелно со железничката пруга.
Директни корисници на придобивките од реализација на овој паркинг простор ќе бидат самите дрвосечачи, како и корисниците на нивните услуги односно сопствениците на автобуси и товарни возила на приватните превозници од Прилеп.