1804Елизабета Тодеска – Член на совет во општина Прилеп

Почитувани, 
Македонија е држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа, од која посебно е погодена Општина Прилеп. 
Според Светска банка, за 5 години сиромаштијата во Македонија пораснала за 30%, а исто толкав процент домаќинства неможат да си ги дозволат ниту најосновните потреби.

 


Згора на тоа, социјалната помош во државата редовно касни, и е толку ниска и нетранспарентно доделувана што, наместо да помага, само го засилува чувството на беспомошност и безвредност на граѓаните кои се социјално загрозени.
Социјалната помош не смее да служи само за преживување. Во нашата програма предвидуваме серија мерки со кои, социјалните категории ќе добијат можност да преминат кон нормален живот, кон нормална, средна класа граѓани.
Во таа насока, идната Влада на СДСМ, 
• За 40% ќе ја зголеми социјалната парична помош!
• Целосно ќе го решиме проблемот со стечајните работници.
• Дупло ќе ја зголемиме социјалната заштита од енергетска сиромаштија, од сегашните 700 на 1500 денари, за ранливите категории граѓани.
• Ќе има задолжителна квота за вработување на лица со посебни потреби во државната и јавна администрација.
• Финасиска поддршка во висина од 70% од просечната плата, во период од една година за работодавци кои ќе вработат лица со хендикеп, лица над 50 години и лица на кои работниот однос им престанал по основ на стечај или ликвидација.
За возрасните лица и пензионерите, 
• Со 35 години стаж за жени, или 40 стаж за мажи, граѓанинот ќе може сам да одлучи дали да замине во пензија и пред навршување на 62 односно 64 години старост.
• Докуп на стаж, на оние кои им недостасуваат 5 години до пензија.
• Државна социјална пензија за лицата кои не се корисници на државна парична помош. 
• Наместо на 6 месеци, висината на пензиите ќе се усогласува на секои 3 месеци!
Почитувани, 
Идната Влада на СДСМ ќе води сеопфатна социјална политика со цел, сите граѓани да можат да ги покријат основните трошоци за храна и затоплување. Покрај тоа, нашата намера оди и чекор понатаму – директна помош за граѓаните да можат да си дозволат и машина за перење, телевизор, телефон и слични добра за домаќинствата.
• Проектите „потрошувачки кредит” и „ДДВ Викенд” се наменети токму за тоа.
Време е за вистински социјални реформи! Промени за нов почеток и подобар живот!
Ви благодарам.