Изјава за медиуми
Пеце Мирчевски, член на Извршен одбор на СДСМ
Прилеп
Денес сме во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и во околните населени места каде што ќе промовираме дел од мерките од програмата на СДСМ кои имаат цел да ја обвноват државата која што е на разрушени темели во моментот.
Оваа власт потроши 630 милиони евра за споменици, а нема изградено ни 7 километри автопат.
Тие мислат само на тендери и профити на нивните фирми.
Ние ги превртуваме приоритетите и ги ставаме потребите на граѓаните и на државата на прво место.
Од бројните средби со граѓаните низ цела Македонија, еден од главните проблеми за функционирање што го наведуваат луѓето е “немаме пат“.
Со мерките во Програмата планираме инвестиции во модерни, европски авотопатишта.
Планот е изградба на 600 километри автопатишта, меѓу коишто, да знаете е и автопат Велес Прилеп Битола Меџитлија.
Ова е исто така земјоделски, тутунарски крај, ред е тука да да кажеме.
Ставаме крај на делење субвенции само пред избори.
Никој нема право да ве уценува со нив, бидејки ги заслужувате по закон. Субвенциите за тутунот, како и за другите земјоделски производи ќе бидат редовни. За тутунот ќе го стимулираме квалитет со дополнителна субвенција на првата класа.
Ова е само една од мерките за тутунопроизводителите.
Ве повикувам да дојдете вечер на трибината што почнува во 19.30 часот, во центарот за култура, Марко Цепенков, таму ќе разговараме и ќе ве информираме за се што ве интересира.