Почитувани граѓани,
Денеска, при изведба на градежни активности од страна локалната самоуправа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек близу Поштата, пропадна и се преврти камион и тоа на иста локација каде и минатата година се случи идентичен таков настан.
Олеснителна околност е што нема повредени, но, сето ова укажува за катастрофалната изведба и сомнителниот квалитет на градежните зафати во општина Прилеп.
По втор пат на една иста локација, во период од околу една година пропаѓа асфалтот и се превртува камион, што само по себе поставува серија прашања:
Под какви услови се избираат и ангажират фирмите кои вршат градежни зафати во Прилеп?
Кои се критериумите за избор на градежна фирма?
Дали тоа се релациите и односите со владејачката партија?
Кој врши надзор при изведбата на градежните решенија и кој ќе сноси одговорност за ваквиот повторен случај?
СДСМ бара, градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да запрат со несериозното трошење на народните пари и да воспостави вистински критеримуи при изведбата на градежни активности во општина Прилеп.
Со почит!
ОО СДСМ Прилеп
Select Page